СЕГА Е ЈАСНО ЗОШТО ТУРЦИЈА ГО САКАШЕ ЗА СЕБЕ

ЗАТОА Е ЧУДО ОД ДЕТЕ: Неверојатна партија на Рубин Стефанов во дебито за Римини Крабс (ВИДЕО)

Рубин Стефанов го одигра првиот меч за Римини Крабс. Големата македонска кошаркарска надеж имаше деби од соништата, на дуелот против Јуниор Комарно постигна 30 поени. 

објавено: 23 септември 2018 - 10:50

Рубин Стефанов тргна со новиот тим, Римини Крабс. Синот на легендарниот кошаркар, Врбица, направи вистински бум по само првиот одигран меч во дресот на италијанскиот тим. Во победата над Јуниор Комарно (80-68) во рамките на Европската младинска лига, Рубин постигна 30 поени и имаше неверојатна реализација во шутот од поле (12/15).

Неговата блескава партија добива уште поголема тежина, бидејќи тој игра против кошаркари кои се една генерација постари од него. 

Македонскиот бисер по една година мината во Анадолу Ефес се пресели во Италија. Врбица Стефанов за „СПОРТМЕДИА“ ексклузивно го најави трансферот во Римини Крабс, како и причината за разделбата со турскиот тим. Токму ваквите игри на Рубин беа причината поради која оваа земја го сакаше за себе, поточно му понуди државјанство. 

Најново во Кошарка