СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА КУМАНОВСКИОТ ПРВОЛИГАШ

„Запали" и Куманово

Кошаркарскиот клуб Куманово и официјално во текот на вчерашниот ден, на атлетската патека во градскиот парк „Соколана", ги стартуваше подготовките за новата 2018/2019 натпреварувачка сезона.

објавено: 21 август 2018 - 09:30

Под водство на новата управа на чело со претседателот Александар Крстевски - Крсто и тренерот Александар Петровиќ, оваа сезона тимот ќе отвори ново поглавје во клубската историја. Секако со надеж за продолжување на добрите настапи и игри во сезоната која следува.

Адем Мекиќ, Игор Пенов и Миодраг Тодоровиќ, и официјално ставија потпис на договорите со кумановскиот прволигаш за сезоната која следува...
А на располагање на тренерот Александар Петровиќ, ќе се стават упте и српските интернационалци, Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ кои заедно со играчите од младинскиот состав на клубот ќе го комплетираат ростерот за наредната сезона.
Веројатно и за прв пат, Куманово ќе има и натпреварувачки екипи во скоро сите младински категории, почнувајќи од М12, М14, М16, М18, М20 и втора лига, што е новитет, и каде ќе се посвети посебно внимание на младите кошаркари,
Инаку, КК Куманово натпреварите од новата сезона ќе ги игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков" додека траат реновирањата на Спортската Сала во Куманово, кои ќе започнат оваа есен.

Најново во Кошарка