ТРЕТО ПРВОЛИГАШКО КОЛО, МЗТ УБЕДЛИВ „ПОД КАЛЕ“

„Вардарци" се бранеа петнаесетина минути...

На средина на вториот дел МЗТ Скопје водеше само со (33:32), но до полувремето „металците" побегнаа на (48:37), а на крајот сето тоа изгледа убедливо (102:72).

објавено: 20 октомври 2018 - 18:42

Ѓорѓи Кочов се врати на местото каде што почна неговата тренерска каирера – „Под Кале". Но сега како прв тренер на екипата на МЗТ Скопје.

Јасно, со една цел, неговата сегашна екипа, МЗТ Скопје, да биде подобра од поранешнарта – Вардар.
Со оглед на околностите во мак-баскетот, реално изводливо.

На крајот, потврдени,

Вардар - МЗТ Скопје 72:102 (25-24; 12-24; 14-34; 21-20) 
Но младите „вардарци" пружија еден жесток отпорт на фаворизираниот тим од Аеродром. Добри петнаесетина минути, мечот беше егал. Се таму некаде до среднишниот дел од втората четвртина, кога гостите имаа само поен плус (33:32).

Меѓутоа до истекот на полувремето се „одвоија" двоцифрено. Имаа плус од 11. поени (48:37).
Тука некаде и се растури вардаровата концепција, „одбрана од МЗТ".
Во продолжението „метaлците" засилија во нападот, уфрлија 34.поени во третиот дел од играта, и стигнаа до недостижни (82:51).

На овој натпревар Кочов го одмораше Иванов, малку играа Медфорд и Д. Стојановкси, а многу малку, Вудард (нецели осум минути).
Маслинко и Магдевски како стартери беа „двоцифрени", капитенот Стојановски, Бојиќ и Медфорд, исто така, макар и со скратена минутажа.
На другата страна, комплетната прва петорка, со исклучок на Атанасов, исто така имаше преку десет поени, најмногу 25, дојдоа од Провел.

Најново во Кошарка