КРИЗА ГО ДРМА ШАМПИОНОТ,ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД, НАЈМНОГУ ФИНАНСИИТЕ

Ристе Стефанов повеќе не е дел од тренерскиот тим на Работнички!

Со своја лична објава на својот Фејсбук профил, некогашниот играч на „црвено-белите" се прости од својот тим, оној за играчи родени 2002 година и помлади, и од клубот во кој запиша многу убави, но и некои вакви, лоши моменти...

објавено: 21 август 2018 - 19:45

Некогашниот македонски репрезентативец и играч на Работнички,повеќе нема да биде дел од тренерскиот тим во оние младински категории на актуелниот македонски кошаркарски шампион.

Финансиската криза со која се соочува најтрофејниот наш колектив „удри" и во овој сегмент од функционирањето на клубот од "Градски парк"-младинскиот.


Но во својата порака Стефанов се задржува само на оној спортски дел од оваа приказна која завршува „тука некаде"...

„Здраво дечки,
Сакам да Ве известам дека мојот ангажман како тренер во КК Работнички на М16 за следната сезона прекинува.
Огромно благодарам до секој член на екипата за посветеноста и пожртвуваноста на тренинзите.
Благодарам за Вашиот напорен труд, да се тренира секој ден и кога има минусни температури и кога е жешко.
Горд на секоја извојувана победа и на секој напорен натпрeвар на кој имало дури и пораз.
Во иднина, Ви посакувам да ги остварите вашите желби, да тренирате посветено и да дадете максимум од себе за да бидете добри кошаркари
Соништата се исполнуваат на оние кои веруваат!
Сонувај и играј силно"
Спортски поздрав,
Ваш
Ристе Стефанов

 

Најново во Кошарка