ШАМПИОНОТ И ВО СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ИГРА САМО ДОМА

Работнички ќе штеди, не се пријави за АБА 2

Клубот од „Градски парк“ нема да се пријави ниту во еврокуповите, планот е финансиска стабилизација

објавено: 15 јуни 2018 - 16:45

Кошаркарскиот клуб Работнички, кој неодамна по 15-ти пат стана шампион на Македонија, и во следната сезона ќе игра само на домашна сцена. Ова е одлуката која ја донеле во клубот, по заеднички консултации на управата и стручниот штаб. Во Работнички најавуваа дека или ќе го подмладат тимот, или со сериозен буџет ќе излезат во Европа. Одлуката паднала за првиот предлог и форсирање на млади домашни играчи. 

Денеска беше рокот до кој клубот требаше да се изјасни дали ќе учествува во втората АБА лига. После негативниот одговор од Работнички, шанса би можеле да добијат Блокотехна и Куманово. Ако и тие одбијат, Македонија во следната сезона во АБА 2 најверојатно ќе има само еден тим (МЗТ Скопје Аеродром), а Србија веројатно ќе добие трети претставник, наместо загарантираните два. 

Работнички нема да игра ниту во натпреварувањата на ФИБА. Клубот од Центар процени дека е подобро да не се расфрлаат со пари, туку да ја стабилизираат финансиската состојба. 

Најново во Кошарка