КОЖУВ СЕ ЕКИПИРА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Продолжуваат Пековиќ и Мишковиќ, се враќа Радуловиќ...

Повратникот (34 години, 207 сантиметри), пред две сезони играше во гевгелискиот прволигаш, по што замина за Франција....

објавено: 17 јули 2018 - 16:06

Се размрдаа работите и во вториот гевгелиски прволигаш...

Раководството на Кожув почна со формирањето на потребниот играчки ростер. А како прво засилување за следната сезона е најавено едно добро познато име.
Гевгеличани практично го враќаат во нивниот град црногорскиот центар Александар Радуловиќ.
Искусен 34 годишен кошаркар, кој со своите 207 сантиметри, со успех може да ги покрива двете центарски позиции.
Пред две сезони, Радуловиќ беше дел до Кожув по што замина за Франција, од каде што повторно е во Гевгелија.
Но тоа не е се во овие топли летни денови од Кожув.

Од клубот потврдуваат дека остануваат и двајцата српски интернационалци Иван Мишковиќ и Миладин Пековиќ, кои лани беа едно од најзаслужните што тимот од Гевгелија од клуб кој тргна практично од нула, стигна да се бори за место кое води во СУперлигата.
Што се однесува за оној домашен дел од тимот, она што е извесно дека останува некогашниот младински репрезентативец, Даниел Нацевски, а многу извесно е дека договор со Кожув ќе реализира и уште едно репрезентативно име, Блажо Митков.

Најново во Кошарка