БУГАРИНОТ НА ПРВИОТ СОБИР ВО „ГРАДСКИ ПАРК"

ПРИЈАТЕЛИТЕ НЕ СЕ ОСТАВААТ КОГА СЕ ВО НЕВОЉА: Костов продолжува со Работнички!

Бугарскиот репрезентативец најавил дека ќе се појави на првиот собир на македонскиот првак, и покрај тоа што клубот од „Градски парк" имал долгувања кон ФИБА во висина од 40.000 евра...

објавено: 23 август 2018 - 16:40

Еден од капитените на бугарскиот национален тим. Чавдар Костов, ќе продолжи со играњето во Македонија, поточно во екипата на Работнички, потврдуваат повеќе медиуми од кај нашиот источен сосед.

Овој 196. сантиметри висок кошаркар, беше еден од најзаслужните за шампионската титула на „црвено-белите" ќе му остане верен на Работнички, дури и покрај лошата финансиска ситуација во која се наоѓа најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.
Костов потврдил дека ќе ги почне подготовките со својот стар клуб на 23. август.
За 30 годишниот кошаркар тоа ќе биде втора по ред сезона како играч на Работнички, откако претходно играчи и за грчките клубови Кими и Кавала, австрискиот Гесеинг, како и бугарските великани, Левски односно Лукоил Академик.


Претходно, во текот на ова лето, Костов беше поврзуван со враќање во родната земја, одосно имаше понуда од страна на новоформираниот Левски Лукол, но реши да остане и да работи со Марин Докузовски.
Трофејната сезона на Работнички Костов ја одбележи и со наградата за најкорисен играч на финалето, а претходно во просек реализираше по 15.8 поени, 5.4 скока и 2.6 асистенции на 36. меча во првенството, а освен тоа со „црвено-белите" играше и во финалето на Купот на Македонија.
Извесно е дека актуелниот момент во „Градски парк" во најмала рака е нејасен.
Раководството на трофејниот клуб се обидува на сите страни, и да најде решение за еден сериозен проблем. Да подмират долг во висина од 40.000 евра спрема ФИБА и согласно со тоа немаат право на трансфери на странски играчи се до подмирувањето на таа обврска.
Среќна околност е дека Костов имаше двегодишен договор со македонскиот првак, и ја искористи опцијата да остане и во втората сезона.

Најново во Кошарка