Охриѓани ги „запалија моторите"

Полетаа и „галебите"

Видно подмладени во новите прволигашки предизвици

објавено: 6 септември 2018 - 17:45

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги започна подготовките за новата сезона во Првата машка кошаркарска лига. „Галебите" претпладне тренираат на атлетската патека на СРЦ „Билјанини Извори", додека попладне во салата во Охрид која ги пречека во ново руво.

Охридскиот кошаркарски клуб сезонава сврти нов лист, откако ростерот го формираше со млади и перспективни играчи од нашата земја со минимални интернационални засилувања. Стратегот на охриѓани Петар Чочороски очекува добра сезона исполнета со многу борба за секоја победа.
Инаку, на средината од овој месец, охриѓани ќе отпатуваат на подготовки во црногорскиот град Тиват каде ќе одиграат неколку контролни натпревари.

ФОТО: Охридњуз

Најново во Кошарка