НА БАРАЊЕ НА СТРАТЕГОТ НА ТИМОТ

ПАДНА ДОГОВОР: Костоски го засили Гостивар

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски е нов име во таборот на амбициозниот прволигаш. 

објавено: 29 август 2018 - 14:29

Екипата на Гостивар уште еднаш потврди дека амбициите за новата сезона се многу поголеми од минатата. На барање на тренерот, Марјан Србиноски, челниците на клубот го потпишаа македонскиот репрезентативец, Александар Костоски, кој ќе биде одлично засилување. 

Искусниот плејмејкер кој две години го носеше дресот на романски Питешти, одлучи да се врати во Македонија, а најсериозен во својата понуда беше тимот на Гостивар. 

 

Најново во Кошарка