НА ПРЕДЛОГ НА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР

Одлагање на прволигашките натпревари?

Скоро извесно е дека вториот дел од Првата лига нема да започне во предвидениот рок – 19. јануари... Одлуката ја носи комесарот за натпреварување.

објавено: 11 јануари 2019 - 19:40

Иако до официјалното продолуивање на возбудувањата на Првата лига има(ше) повеќе од една седмица, извесно е дека ќе дојде до своевидно пролонгирање на почетокот на вториот дел од натпреварите во нашето најквалитетно натпреваруавње.

Имено, на адресата на канцеларијата на сениорските лиги, стигна и официјално барање од раководството на КК Пелистер од Битола, стартот на вториот дел од сезоната во Првата лига да биде одложен.
Неофицијално ставот на прволигашите е тој предлог да се поддржи, а против едно такво барање на битолчани биле единствено челниците на скопски Вардар.
Сепак конечната одлука околу тоа дали вториот дел од сезоната ќе стартува на 19. јануари, како што беше предвидено со календарот за натпреварување, ќе ја донесе комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, веројатно на почетокот на следната седмица, последната од оној период за одмор помеѓу двата дела од националниот шампионат.

Најново во Кошарка