МКФ НЕ ДАВА

Нема одложување, ќе се игра и по снег ако треба!?

Вториот дел од оваа првенствeна сезона во Првата лига ќе, односно треба да почне според претходно утврдениот календар за натпреварување.

објавено: 16 јануари 2019 - 13:30

Вториот дел од оваа првенствeна сезона во Првата лига ќе, односно треба да почне според претходно утврдениот календар за натпреварување.

Односно веќе овој викенд.
Тоа е ставот на раководството на МКФ, односно комесарот за натпреварување Владо Цветковски.
За ова и официјално биле известени сите прволигашки клубови, а согласно со тоа и направено делегирањето за 12. коло од шампионатот.
Со тоа и дефинитивно е одбиен предлогот на поголем дел од клубовите, а го даде управата на КК Пелистер, да дојде до одложување на ова 12. коло.
Пред се поради ненормалните услови за функционирање не само во Битола туку и во некои други градови во Македонија.

Проблем прават не само ниските температури, туку и инфрастуктурата – салите каде се играат првенствените натпревари.
Па под сериозен знак на прашање се доведува одигрувањето на мечот Пелистер – Фени Индустри.
Во салата „Младост" во Битола не постојат никакви услови за одигрување на еден првенствен натпревар.

луѓето од клубот бараат некое друго решение за одигрување на овој меч кој први;но, според календарот и требаше да се игра во „Јасмин" во Кавадарци. Но со заеднички договор на двата клуба, „домаќинството" во оној прв круг од натпреварите, го зема токму Фени Индустри.
Всушност има едно одложување во ова 12.коло, и тоа дуелот во кој Работнички ја пречекува екипата на АВ Охрид. Шампионот ќе ги дочека охриѓани на 23. јануари, односно неколку дена по претходно предвидениот термин.


Дали и кој домаќин ќе обезбеди температура од најмалку 12 степени овој викенд, останува да видиме, а тоа да го утврдат официјалните лица, односно делегат-контролорите.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка