ПОВАЖНО Е КОЛКУ ЌЕ ИГРААТ ДОМАШНИТЕ ИГРАЧИ, НО

На 1. септември, со „чисти сметки" и појасна прволигашка слика

Преодниот рок почна на 15 јуни, и ќе трае до почетoкот на Суперлигата и плејаутот. Единственото ограничување е дека клубовите до 1 септември треба да се изјаснат во која лига сакаат да играат... Први септември е датумот и до кој клубовите мора да ги подмират своите долгувања кон МКФ, за да може да пријават учество на екипа и регистрација на играчи за сезоната 2018/2019.

објавено: 18 јуни 2018 - 09:30

На јавната дебата која се одржа неодамна, речиси сите беа за тоа да се намали бројот на странци, но претседателот Петар Наумоски кажа оти и да се забрани присуство на странци во првата лига, тоа не мора да го донесе посакуваниот бенефит, ако не се развиваат домашните и поважно е колку Македонци ќе има на терен, отколку колку странци ќе има во составот.

Кога играат повеќе домашни кошаркари, тогаш и просторот за странци е стеснет, и клубовите нема да имаат потреба да ангажираат многу странци кои нема да им играат поради правилото за задолжително присуство на двајца домашни во сите 40 минути од мечевите.
Преодниот рок почна на 15 јуни, и ќе трае до почетoкот на Суперлигата и плејаутот, нешто што е пракса веќе неколку сезони. Единственото ограничување е дека клубовите до 1 септември треба да се изјаснат во која лига сакаат да играат.
Први септември е датумот и до кој клубовите мора да ги подмират своите долгувања кон МКФ, за да може да пријават учество на екипа и регистрација на играчи за сезоната 2018/2019.

Најново во Кошарка