ВО АЕРОДРОМ Е ДОСТА РАЗДВИЖЕНО

МЗТ ги осигура Соколов и Маслинко, чека на Дамјан и Симоновски

По потврдата на тренерот Ѓорѓи Кочов и враќањето на центарот Љубомир Младеновски во тимот, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи соработка со македонските репрезентативци, Дарко Соколов и Андреј Маслинко.

објавено: 26 јуни 2018 - 13:50

По потврдата на тренерот Ѓорѓи Кочов и враќањето на центарот Љубомир Младеновски во тимот, МЗТ Скопје ја продолжи соработка со македонските репрезентативци, Дарко Соколов и Андреј Маслинко.

Управата на клубот е во преговори со Дамјан Стојановски и Марко Симоновски, од таборот на вицепрвакот се надеваат дека и следната сезона ќе можат да сметаат на овие двајца кошаркари.

„Со потезите направени неделава, управата на МЗТ Скопје Аеродром само ја потврди интенцијата за давање шанса на домашниот кадар, а во тој правец се и преговорите кои во моментов се одвиваат со нашите досегашни кошаркари, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски. Секако, како и во претходните години, интересни за составот од „Јане Сандански" се и сите други квалитетни македонски играчи, кои се наоѓаат на пазарот“, се вели во сооштението на МЗТ Скопје. 

Најново во Кошарка