ДОАЃА ОД РЕДОВИТЕ НА МЗТ СКОПЈЕ

Младинскиот репрезентативец Миса потпиша за Куманово

Македонскиот младински кошаркарски репрезентативец Дамјан Миса потпиша тригодишен договор со кошаркарскиот клуб Куманово.

објавено: 20 август 2018 - 17:15

Миса потекнува од школата на КК Струга, а во Куманово доаѓа од редовите на МЗТ Скопје.

Овој кошаркар ги помина сите категории на македонската репрезентација, поточно настапуваше за селекциите на Македонија до 14, 16 и 18 години.

Минатата сезона во првенството за „штрковите" имаше шест натпревари со просек од 1.2 поен и 1.0 асистенција по меч.

Најново во Кошарка