Нема услови, нема кошарка

Мечот Шкупи - Фени И. не се игра!

Во Чаир, воопшто не се подобрени условите во соблекувалните за екипите и за официјалните лица, по што судиите во консултација со делегатот донеле одлука натпреварот денеска да не се игра.

објавено: 20 октомври 2018 - 13:08

Иако најавен, еден од натпреварите од 3. коло на домашното кошаркарско првенство не се одигра. Дуелот кој требаше да почне денеска од 13 часот меѓу екипите на Шкупи и Фени Индустри не започна, поради  незадоволителните услови за нормално одвивање на натпрварот во салата во Чаир.

Иако клубовите имаа рокови за воведување ред во салите каде ги одигруваат натпреварите од домашното првенство, очигледно сите пречки не се отстранети. Во Чаир, воопшто не се подобрени условите во соблекувалните за екипите и за официјалните лица, по што судиите во консултација со делегатот донеле одлука натпреварот денеска да не се игра.

Најново во Кошарка