СТАРТУВАШЕ СО РАБОТА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА

МАВРОВО - прва фаза од „патот" кон тренерска лиценца

Во периодот од 15. јуни до 17. јуни, во спортскиот комплекс на хотел Бистра – Маврово, центарот за едукација на тренери при Македонската кошаркарска федерација, го спроведе првиот дел од планираната едукација на тренерите,

објавено: 17 јуни 2018 - 19:15

Тридневната едукација со себе донесе доста обемна работа, и уште поголем број на предавачи.

На првиот работен ден, свои предавања имаат професорите од Факултетот за физичко образование спорт и здравје од Скопје.
Проф.д-р Милан Наумовски говореше за селекција во кошарката, проф. Д-р. Ванчо Поп-Петровски ја одработи темата „Сензитивни периоди во моторичкиот развој на младите кошаркари-предуслов за моторички, функционални и спортски успеси".

Деканот на ФФОСЗ, Ленче Алексовска-Величковска го „спои" оној т.н. „спортски триаголник", а доц.д-р Борче Даскаловски, кој е раководител на центарот за едукација при МКФ, зборуваше за „основни принципи-школка".
Вториот работен дека го отвори предавањето на доц. Д-р Александар Ацевски „Анализа на перформансите кај младите кошаркари", Д-р Томче Андоновски за „програмирање и контролирање на тренажниот процес", а Д-р Сашо Тодоровски говореше за обуката на техничките елементи кај млади кошаркари.

Секако застапени беа и оние наши „активни тренери".

Па така свое предавање имаше шефот на струката на полскиот вицепрвак Остал Остров, Емил Рајковиќ, „Систем на напади против одбрана човек на човек".
Првиот тренер на Куманово, Александар Петровиќ ги запозна кандидатите за тренерска лиценца со „Модел за подобрување на структуралните елементи во кошарката".

На третиот ден од овој нов проект на федерацијата, Доц-д-р Борче Даскаловски говореше за „проприорецепција кај кошаркари", Проф.Д-р Вујица Живковиж за опоравок во тренажниот процес, а Доц.Д-р Слободан Николиќ за оние физиолошки аспекти во кошаркарскиот спорт.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка