НЕОФИЦИЈАЛНО ДЕБИ НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Малку поинаку е во Гостивар со Костоски на теренот

Гостиварци го скршија отпорот во Кожув во второто полувреме, и славеа во „контролата" со високи (79:62).

објавено: 19 септември 2018 - 19:14

Немаше многу време за одмор за Александар Костоски да се префрли од репрезентативните на клупските обврски. Оние новите како играч на Гостивар.

Колку ќе им значи во играта, Костоски покажа веќе на првата проверка во новата средина. На пријателскиот дуел против Кожув, реализираше 19.поени, најмногу на двете страни.


Само како најава дека гостиварци добиле сериозно засилување за сезоната коај следува.
Гостите од Гевгелија беа рамноправни во првото полувреме од проверката во салата „Младост" во Гостивар. Или 20.минути во кои домашнито тим имаше минимална предност (39:37).
Победникот го одлучи третиот период од играта во кој гостиварци направија двојно поглеми (22:11) со кои се одвоија на недостижни (61:48).

Покрај Костоски, двоен број на поени кај Гостивар реализираа уште и поранешните репрезентативни имиња, Димчевски (14) и Тасовски (10).
На другата страна, Штерјов и Караколев уфрлија по 16, а Нацевски уште 13. поени.

Гостивар – Кожув 79:62 (20-19; 19-18; 22-11; 18-14)

ГОСТИВАР: Фурстингер 12, Тасовски 10, Роб. Димитриески 7, Костоски 19, Димчевски 14, Рен. Димитриески 4, Шегариќ 9, Зекири 2, Димитриевски 2:
КОЖУВ: Радуловиќ 5, Штерјов 16, Нацевски 13, Ангелов 3, Мишковиќ 1, Апостолов 6, Караколев 16 Митков 2, Шутаров;

Најново во Кошарка