ХРВАТОТ ИСТАКНА ДЕКА СЕ МАЧЕЛЕ ВО АБА, КУПОТ Е СЛАБА УТЕХА

Лалиќ: Сезонава беше лоша за МЗТ

Хрватот рече дека Работнички бил подобар тим во финалната серија, и оти зад МЗТ е една неуспешна сезона

објавено: 26 мај 2018 - 14:00

Хрватскиот центар Јуре Лалиќ, смета дека кога се ќе се собере и одземе, оваа сезона за МЗТ Скопје може да се каже дека била неуспешна. Тој е единствениот странец кој остана во клубот од почетокот до крајот на сезоната, и синоќа добро си ја вршеше работата, но успеа и по вторпат да освои титула во Македонија.

„Работнички беше подобра екипа во ова финале. Ние на сите три натпревари бевме блиску до победата, но не успеавме и сега може само да им ја честитаме титулата и тоа е тоа. Не беше добра сезоната, многу се мачевме во АБА лигата, го освоивме Купот како утеха, го загубивме првенството, генерално гледано, не беше добра сезоната“ - вели Лалиќ. 

Најново во Кошарка