ОДЛИЧНО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

Кожув го „проби мразот", потопени охриѓани

Гостите се бранеа само 20.минути, веројатно имаат енергија, сила, квалитет за толку во овој момент. Кожув – АВ Охрид (92:81)

објавено: 13 октомври 2018 - 18:57

Кошаркарите на Кожув беа блиску до изненадување во првото, но до првата победа во новото првенство стигнаа во второто коло.
Едно полувреме беше доволно за да излезат како победници избраниците на младиот тренер Павле Николов во дуелот со АВ Охрид.
Она второто...
Кожув – АВ Охрид 92:81 (24-21; 20-24; 30-19; 18-17)
Цело полувреме се обидуваа гевгеличани да го скршат отпорот на гостинската екипа. Им успеа тоа во третиот период од играта во кое потенрески „експлодираа". Уфрлија дури 30. Поени, противникот само 19, доволно за девоцифрена позитива (74:64).
Во уводните две минути направија серија од (5:1), поведоа и со (79:65), па тука некаде престанаа отпорот на гостите од Охрид за кои ова е втор пораз во две кола.
Пековиќ и Нацевски реализираа по 17. поени. Апостолов 14, Караколев 11, а новакот Пејовиќ уште 10. поени во состабот од Гевгелија.
Во онаа гостинската, Кенет беше реализатор на 19. поени, неговито американски сонародник Хил даде 13, исто како и Младеновиќ., додека Миладиновиќ застана на бројката од 12. реализации.

Најново во Кошарка