УШТЕ ЕДНО РЕПРЕЗЕНТАТИВНО ИМЕ КАЈ ГОСТИВАРЦИ

КОСТОСКИ: Тешко е да ги одбиеш Марче, Перо и Бали...

На инсистирање на еден од главните акционери во клубот, Перо Антиќ, и пред се, шефот на струката, Марјан Србиноски, раководството на клубот од Гостивар потпиша договор со актуелниот македонски репрезентативец

објавено: 29 август 2018 - 16:00

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски е новото име во таборот на амбициозниот прволигаш.

Eкипата на Гостивар уште еднаш потврди дека амбициите за новата сезона се многу поголеми од минатата, односно онаа премиерната.
На инсистирање на еден од главните акционери во клубот, Перо Антиќ, и пред се, шефот на струката, Марјан Србиноски, раководството на клубот од Гостивар потпиша договор со актуелниот македонски репрезентативец, Александар Костоски.

Искусниот плејмејкер две години го носеше дресот на романски Питешти, одлучи да се врати во Македонија, а најсериозен во својата понуда беше тимот на Гостивар.

„Луѓето од клубот беа упорни во настојувањата, тренерот Марјан Србиноски исто така. Разговаравме и со Перо Антиќ. Ме уверија дека Гостивар е една убава кошаркарска приказна. Тука ги снема моите дилеми. Факт е дека чекав некои понуди од страна. Но доаѓа септември, значи мора да се биде подготвен за новата сезона. Ќе ја поминам во Гостивар, сенадевам дека сите заедно ќе се обидеме да му донесеме многу радости на градот во кој се сака овој спорт. Сум се уверил многу пати во тоа досега, ќе го видам тоа сега и на дело, како актер, на теренот" – вели Костоски по реализацијата на договорот со гостиварци.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка