ПРЕД ПЕТ МЕСЕЦИ, ФУРСТИНГЕР „ПАТОСИРАШЕ“ РИВАЛ

Кога новиот центар на Гостивар прави фаул, тоа е опасно (Видео)

Џо Фурстингер е цврсто момче, а на 6 февруари и претера кога сакаше да покаже колку е силен, па беше суспендиран 

објавено: 25 јули 2018 - 09:45

Американскиот крилен центар Џо Фурстингер ќе биде нов член на Гостивар, со што клубот кој втора сезона по ред е со прволигашки статус, го комплетираше својот состав и ќе биде еден од посилните тимови во лигата. Тимот на тренерот Марјан Србиноски на центарската позиција се засили со 206-сантиметри високиот Фурстингер, кој доаѓа од Универзитетот Ново Мексико, каде имаше солидна улога и просек од 10,4 поени, 6,8 скока и 1,6 блокади по меч. 

Но, за Фурстингер е врзан и еден негативен случај. На 6 февруари годинава, Фурстингер направи една груба лична грешка по која се случи мешаница на теренот, па беше суспендиран на еден меч. 

Еве како изгледа кога Фурстингер ќе се налути:

Најново во Кошарка