ПРЕГОВОРИТЕ УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ

Капитенот останува во МЗТ: Дамјан ја продолжи верноста на уште две години, останува Симоновски

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следните две сезони ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

објавено: 6 јули 2018 - 13:20

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следните две сезони ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Како што се вели на официјалниот сајт на вицепрвакот, капитенот и покрај понудите од странство реши да остане верен и во новата сезона заедно со останатите играчи да ја исполнат целта на клубот: борбата за висок пласман во АБА2-лигата и враќањето на титулата во „Јане Сандански".

Стојановски првпат настапи за екипата од Аеродром во 2012 година, само во сезоната 2016/17 не беше дел од тимот поради тешка повреда заработена во дресот на Македонија.

Во македонското првенство тој настапи на 35 средби имаше просек од 11 поени, 4,2 скока и 2,1 поен додека во АБА-лигата ги одигра сите 22 меча со просечна реализација на 11,5 поени и по 2,7 скока и асистенции. 

Стојановски е петтиот кошаркар кој тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов го има на располагање, по претходното обновување на соработката со Дарко Соколов и Андреј Маслинко, како и ангажирањето на повратникот Љубомир Младеновски и Лестер Медфорд.

Во следниот период останува челниците на клубот да ги завршат преговорите со Марко Симоновски за кого најавија дека ќе сторат се за да го имаат во таборот и во новата сезона. 

Најново во Кошарка