МКФ СЕ ПОФАЛИ СО КВАНТИТЕТ, ОЧИГЛЕДНО, ПРЕВИДЕ НЕКОИ РАБОТИ

Каква е женската Прва лига, да не е „девојчинска"?

Девојче со само 12 години дебитира во Првата лига!

објавено: 17 октомври 2018 - 11:45

И тоа го дочекавме во нашата кошарка, овојпат оној женски сегмент...

Само што се пофалија од раководството на Македонската кошаркарска федерација дека направиле историски потег, со 11. пријавени екипи во женската Прва лига, еден поглед кон пријавните листи на тие клубови, доволно ја отсликува реалната, а не сликата која ја прикажува водечкиот тим на федерацијата, пред се оној женски дел за кој се грижи генералниот секретар, Моника Гаврилоска.

Затоа што во викендот кој е зад нас се случи уште еден преседан, налик на оној пред многу, многу години, во меч од женската Прва лига, дебитира девојче кое едвај има – 12 години.
Станува збор за Ана Ангеловска, која настапи за тимот на Клубски Патриот во дуелот на домашен терен против Вардар, кој очекувано, заврши со дебакл за младите делчевки (19-81). Ни крива ни должна, малата Ана имаше дуели со скоро тројно повозрасни кошаркарки од противничкиот тим. Како на пример репрезентативката Славица Наков, која има 33 години. Самиот податок, дека девојче родено 2006 година е ставено на пријавната листа з апрва лига-жени, кое треба да игра со далеку повозрасни и поразвиени противнички, е се чини потег без никаква здрава логика, и момент за кој треба да се зпрашаат оние водечки фактори во нашата кошарка.
До каде ќе оди ова лудило, по секоја цена да се пријавуваат екипи, и тоа во она што макар и на хартија кај нас се вика елитна конуренција – или подобро речено – Прва лига?
Оттука и еден заклучок, дека многу брзо, или веднаш, сериозно треба да се провери кој и како ја потпишал лекарската дозвола која е неопходна за настап во највисок ранг.
И дека секое форсирање на помала возраст е еднакво на огромна лудост.

Секако, за ситуацијата да биде уште подраматична, овој 12. годишен дебитант не е најмлада кошаркарка во составот на Клубски Патриот!?

Имено, на пријавната листа на екипата од Делчево има уште шест девојчиња кои туку што наполниле 12. години или пак до крајот на годината ќе дојдат на оваа возраст.
Како своевидна рекордерка е Маринела Тренчовска, која е пријавена за настап во Првата лига со точно десет години и еден месецна денот на издавањето на лиценцата.
Тоа од друга страна пак со себе носи и уште едно прашање. Нели требало, кога веќе документацијата дошла кај нив, Регистрациската комисија на МКФ да испрати сериозна опомена да надлежните, раководните структури на федерацијата за овој случај?
Звучи неверојатно, никој да не даде никаква реакција за пријавната листа на клубот од Делчево, кој по една година пауза се реактивираше, ама на начин кој навистина не му доликува, пред се од оној спортски аспект, Првата лига да ни стане „девојчинска".

Најново во Кошарка