ВТОРО КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА

КАКО ПОРАЧАНО: Шкупи - за добар тренинг за „металците"

„Враќањето" на Шкупи во Првата лига, уште еднаш се покажува како сосема непотребно, МЗТ Скопје - Шкупи (103:63)

објавено: 13 октомври 2018 - 18:44

Доказ плус за тоа е и првиот настап на составот, онака „крпен“ на тимот од Чаир. На првото појавување во новата сезона, тоа не личи на прволигашка „конкуренција" .
Не беше конкурентот ниту за младинскиот дел од МЗТ Скопје. Макар што она што се нарекува раководство на клубот од Чаир се прогрижило екипата да има нов тренер, Никола Божиновски, но и нов асистент, Елбер Али.
Ќе им треба многу работа за да ја „качат" екипата некое нив погоре од ова премиерното.
МЗТ Скопје – Шкупи 103:63 (27-11; 28-14; 24-12; 24-26)
Андреј Маслинко најдобро ја искористи приликата која му ја даде тренерот Ѓорѓи Кочов. Реализиураше дабл-дабл од 30. поени и 11. скока за 35.минути кои ги помина во игра.

Мамузиќ имаше 17, Тодоровски 13, а Лука Стојановски, кој дебитираше за МЗТ Скопје во еден официјален меч, уште десет поени и пет асистенции, 

Во екипата воопшто не беа „запишани" Симоновски и Иванов, на клупата останаа Медфорд и Соколов, а многу малку играа Вудард и Бојиќ.
И без нив Шкупи на „мачја шега" за МЗТ, особено без странски засилувања кои ги имаше во ланскиот состав.
Со ова што сега го имаат на располагање новите тренери (едниот позајмен од ФМП Академија), се чини дека нема што да бараат во оваа прволигашка конкуренција.

Оние крајни се само едне „лажен приказ“, од причина што во последниот период од играта и буквално Кочов и посвети внимание на втората петорка.

 

Најново во Кошарка