УСВОЕН ПРЕДЛОГОТ

И ТОА БИДНА: Во новата сезона со помал број на странци

Членките на Собранието на МКФ се изјаснија за промена на членот од Регистрацискиот правилник со кој се дефинира бројот на странски играчи во Првата лига.

објавено: 28 јуни 2018 - 14:55

Членките на Собранието на МКФ се изјаснија за промена на членот од Регистрацискиот правилник со кој се дефинира бројот на странски играчи во Првата лига. Со мнозинство гласови односно 19 „ЗА" од вкупно 30 членки со право на глас, промената на членот е усвоена.

„Досега, членот 32 (5) од Регистрацискиот правилник дозволуваше пријавување и настап на најмногу шест странски играчи во составот на еден натпревар притоа на теренот да нема помалку од два домашни играчи.

Новите предлози, истакнати од МКФ по одржана јавна дебата и неколку состанока со клубовите кои натпреваруваат во Првата лига (мажи) се:

Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу четири странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од три домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар до завршување на вториот дел на првенството. Во Супер лигата со настап не помалку од 2(два) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар. Одлуката ќе важи за натпреварувачка сезона 2018/19;

Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 3(три) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар до почеток на плеј оф натпреварите. Во Полуфиналните и финалните натпревари со настап не помалку од 2(два) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар. Одлуката ќе важи за натпреварувачка сезона 2019/20;

Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 3(три) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар.Одлуката ќе важи за натпреварувачка сезона 2020/21.

Со прифаќањето на предлогот на Македонската кошаркарска федерација членките на Собранието потврдија дека ќе продолжат да се залагаат за поголема доверба и минутажа на домашните играчи со што ќе се зголеми квалитетот“, соопштија од МКФ.

Најново во Кошарка