НЕМА „СТОП" ВО ГЕВГЕЛИЈА

И Петровски во плановите на Кожув

Блиску се до договор се Александар Штерјов и Никола Караколев...

објавено: 20 јули 2018 - 12:05

Со оглед на тоа дека веќе е испратена пријава за настап во БИБЛ лигата, раководството на гевгелискиот прволигаш сака уште посилен ростер од оној постоечкиот.

За таа цел испланирани се уште неколку потези, кои многу извесно, треба да бидат реализирани во наредните неколку дена.
Имено, откако беа потврдени договорите со седум кошаркари, најголем дел од нив кои беа дел од тимот во минатата сезона, челниците на Кожув се пред реализација на најмалку два нови договори.
Иако во знаците на неофицијалното, во тимот би дошол еден „повратник", Александар Штерјов, а нема да биде никако изненадување ако по неговите патеки тргне уште еден довчерашен играч на Куманово, Никола Караколев.
Со потврда на договореното, Кожув би стигнал до бројка од деветмина коашркари во оној прволигашки ростер за наредната натпреварувачка сезона.
Но нема да биде никакво изненадување доколку многу брзо во Гевгелија пристигне и десеттиот.

 

Со оглед на тоа дека во овој состав недостасува уште еден добар организатор на играта, изборот на гевгеличани дознаваме, паднал на исусниот разигрувач, Јане Петровски.
Петровски веќе нема обврски спрема екипата на Фени Индустри каде беше незаменлив дел во неколку сезони. Но лошата финансиска ситуација во која влезе некогашниот првак на Македонија условува оние најдобрите да си побараат други играчки ангажмани во текот на ова лето.
Па нема да биде изненадување доколку Јане Петровски и се најде во овој официјален ростер на Кожув за наредната натпреварувачка сезона, и ја затвори првата бековска линија во која гевгеличани го имаат капитенот Апостолов, а по потреба може да помага и искусниот Миладин Пековиќ.
А Пековиќ, заедно со Мишковиќ и Радуловиќ ќе го сочинуваат странското трио на Кожув во оној прв дел од сезоната, во кој потврдено е дека же бдта уште и Апостолов, Нацевски, Митков и Шутаров.

 

Најново во Кошарка