СИ ЗАМИНА УШТЕ ЕДЕН ТРЕНЕР ОД МЛАДИНСКАТА ШКОЛА

И Ѓорѓиевски се „поздрави" со Работнички

Од ден на ден само лоши вести во „Градски парк".

објавено: 22 август 2018 - 19:30

Само еден ден откако Ристе Стефанов се раздели со КК Работнички, истото го направи и тренерот кој му ја донесе јуниорската титула на клубот од Дебар Маало.

И Горан Ѓорѓиевски повеќе не живее на „Градски парк" ББ, затоа што во текот на вчерашниот ден и официјално реши да го напушти клубот.
Причината позната – неисплатени финансиски долгувања на клубот спрема трофејниот тренер во младинската школа на „црвено-белите".
Тоа Ѓорѓиевски го потврди на својот Фејсбук профил, со една проштална порака, пред се до играчи со кои делеше и добро и лошо во изминатиот период, а кои ги донесе до шампионската титула во М-18 младинската лига на Македонија.
Дури и повеќе од тоа...

 

„Дечки, сакам да Ве известам дека од денеска мојот ангажман како тренер во КК Работнички, прекинува.
Огромно благодарам до сите Вас за секој тренинг, секој пораз, и секоја среќа што ја делевме заедно. Ви посакувам на сите да бидете тоа што се. Пред се да тренирате машки, и да дадете се од себе за да бидете добри играчи.
Ми беше чест што бевте дел од мене како играчи, а јас дел од вас како тренер
Срдечен поздрав "- се одјави Ѓорѓиевски од КК Работнички.

Кој е следниот?

 

Најново во Кошарка