БИТОЛЧАНИ ПОЧНУВААТ СО ИЗМЕНЕТА „СЛИКА" ВО ОДНОС НА ЛАНСКАТА

Херис и Рендл - нов бековски тандем во Пелистер, во Битола доаѓа и Арсоски...

Во екипата која во следната сезона ќе ја предводи новиот тренер Предраг Созовски, останува и искусниот Мико Голубовиќ, а ќе биде засилена со уште некои странски кошаркари.

објавено: 6 август 2018 - 21:30

Старт на подготовките на видно изменетиот Пелистер.

Новиот шеф на стручниот штаб Предраг Созовски, кој дојде на местото на Зоран Петковски, одлучи дека шестиот ден од месец август треба да биде и почеток на подготовките за новата сезона на Пелистер.
А во неа, „пелистерци" и дефинитивно влегуваат со една сосема поинаква слика од ланската.
Освен промената во стручниот дел од клубот, има и доста измени во оној играчкиот.
Она што е извесно е дека Предраг Созовски е новиот шеф на струката, а во работата ќе му помага Драган Наумоски.
Засега барем , се потврдени и неколку трансфери.

„Во екипата ќе имаме двајца Американци на првите бековски позиции. Освен Тај Херис, со кого се потврдени сите детали, во тој преден дел од тимот ќе биде и Фил Рендл, еден млад кошаркар кој за прв пат ќе игра во Европа. Посилни сме и на центарската позиција каде е ангажиран уште еден млад кошаркар. Станува збор за Михајло Арсоски, кој во ланската сезона беше дел од екипите на Струмица и на Карпош Соколи, а во игра останува и Мико Голубовиќ, кој ќе помага во таа внатрешна линија во која е планирано уште едно засилување од страна. Секако во рамките на актуелните финансиски моменти на клубот"- појаснува Созовски.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка