МЛАДИТЕ СИЛИ ДОБИВААТ ШАНСА

Гостиварци беа, гостиварците и остануваат дел од Гостивар

„Гостивар е познат како расадник на кошаркари кои настапуваат насекаде низ Македонија. Многу сметаме, и многу вложуваме во младинските категории на клубот. Горди сме на фактот што можеме да ги пополнуваме позициите во првиот тим со играчи од нашата школа " - потенцира тим-менаџерот на гостиварскиот прволигаш Бали Саити.

објавено: 14 јули 2018 - 21:00

Раководството на КК Гостивар полека но сигурно го комплетира ростерот за следната натпреварувачка сезона.

По обновувањето на соработката со првиот тренер, Марјан Србиноски, потоа играчкиот двоец Диме Тасовски-Јетмир Зекири, управата на клубот направи уште еден важен чекор во формирање на потребниот играчки ростер.
Официјализирана е соработката и со играчите кои потекнуваат од младинската школа на клубот од овој град.

Па така во новата сезона во „сино-белиот" дрес ќе ги гледаме и гостиварците како, браќата Ренато и Роберто Димитриески, потоа Златко Јовицоски, Кипре Серафимоски, Марјан Ѓорѓиески, Антонио Симуноски и Борис Дукоски.

„Гостивар е познат како расадник на кошаркари кои настапуваат насекаде низ Македонија. Многу сметаме, и многу вложуваме во младинските категории на клубот. Горди сме на фактот што можеме да ги пополнуваме позициите во првиот тим со играчи од нашата школа " - потенцира тим-менаџерот на гостиварскиот прволигаш Бали Саити.

ФОТО: Гостиварпрес

Најново во Кошарка