НОВИТЕТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Гостивар пушти сезонски влезници во продажба, има и ВИП!

„Секоја победа е поубава и секој пораз е полесен кога имаме со кого да го споделиме. Оваа сезона нè очекуваат возбудливи натпревари и голема борба под кошевите, со секоја купена влезница директно му помагате на клубот, заедно можеме многу да постигнеме" - велат од КК Гостивар

објавено: 4 септември 2018 - 14:30

Сите симпатизери на КК Гостивар од денеска можат да купат годишни влезници за натпреварите во сезоната 2018/2019

Влезниците ќе важат за сите домашни натпревари во сезоната коај следува, како и оние од Купот на Македонија и плеј-офот (секако под услов гостиварци да стигнат до завршната фаза).
Во продажба се пуштени ограничен број од 200 сезонски влезници, а цената изнeсува 1.000 денари.

Новитет во претстојната сезона ќе бидат новите „ВИП сезонски влезници" со кои на сопствениците кои ќе се решат за тој пакет, ќе може да изберат позиција/столче кое ќе им биде обезбедено на секој домашен натпревар, маица од клубот, влезници за гостинските натпревари на КК Гостивар.
Такви комплети се исто така ограничени, и тоа на бројката 100, а нивната цена изнесува 3.000 денари

„Секоја победа е поубава и секој пораз е полесен кога имаме со кого да го споделиме. Оваа сезона нè очекуваат возбудливи натпревари и голема борба под кошевите, со секоја купена влезница директно му помагате на клубнот, заедно можеме многу да постигнеме" - велат од КК Гостивар, со забечекша дека влезниците може да се набават во „Ројал Гарден", најдоцна до 30.септември, или до искористување на количините.

Најново во Кошарка