ГЕВГЕЛИЧАНИ МИСЛАТ И НА ДОМАШНИТЕ

Дресот на Кожув ќе го задолжат и Апостолов, Нацевски, Митков и Шутаров

Откако беа потврдени тројцата странци, официјализирани договорите и со четворица домашни кошаркари.

објавено: 17 јули 2018 - 19:15

Тимот кој победува(ше) во вториот дел од ланскиот шампионат полека но сигурно станува јасно, ќе биде и во сезоната која следува.

Откако раководството на Кожув успешно ги реализираше преговорите со Миладин Пековиќ, Иван Мишковиќ и Александар Радуловиќ, тргна во обнова на договорните обврски и со некои од домашните сили.

Па така потпис на нов договор со Кожув ставија уште четворица кошаркари.
Ги предводи долгогодишниот капитен Апостоли Апостолов, екс младинските репрезентативци Даниел Нацевски и Блажо Митков, како и Борис Шутаров.
Со тоа бројката на потврдени играчи во ростерот на гевгеличани се искачи на седум.
Тука и нема да се застане со формирањето на тимот кој во следната сезона најавува уште повисоки амбиции од оние ланските.

Најново во Кошарка