Нова сезона – ново раководство

Александар Крстевски е новиот претседател на Куманово!

Кошаркарскиот клуб Куманово и официјално доби ново раководство во пресрет на новата сезона во Првата македонска лига.

објавено: 29 август 2018 - 16:45

Александар Крстевски Крсто официјално е новиот претседател на клубот и тој е извршен член на одборот на директори, а друштво во одборот ќе му прават уште 10 лица, кои ќе бидат неизвршни членови а тоа се: Александар Тушевски, Драган Петровски, Александар Јакимовски, Дамир Вујадиновиќ, Иван Ангеловски, Ненад Стојановски, Оливер Стефановски, Виктор Божиновски, Младен Давидовиќ и Иван Анастасовски.

Уште еден од новитетите оваа сезона во КК Куманово е назначување на Координативното тело за развој на кошарката во клубот, каде ќе има 16 члена. Моментално во него членуваат шест члена, а тоа се Славиша Станојевиќ, Дамјан Митевски, Бошко Тасиќ, Димитар Ковачевски, Драган Трајковски и Никола Вучковски. Исто оваа тело може на следниот состанок може да се надополни со некои други помагачи и спонзори на кошарката.
Утринава беше одржано и Собрание на акционери на КК Куманово каде е донесена одлуката за избор на новите членови на одборот на директори, усвоени се завршните сметки и финансиски извештаи за 2017 година, а биле извршени и одредени измени и дополнувања на статутот на акционерското друштво во согласност со Законот за трговски друштва

Најново во Кошарка