СЕ КРОИ СОСТАВОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Димчевски и Сегариќ парафираа нови договори со Гостивар

По обновувањето на соработката со првиот тренер, Марјан Србиноски, потоа играчкиот двоец Диме Тасовски-Јетмир Зекири, на КК Гостивар остануваат верни уште двајца кошаркари.

објавено: 16 јули 2018 - 17:23

Станува збор за хрватскиот организатор на игра, Јурај Сугариќ кој претходно ги бранеше боите на Хелиос Домжале, Загреб, Задар...

Во 32. натпревари минатата сезона во првенството имаше просек од 13.6 поени, 2.5 скока и 1.5 украдена топка по меч.

Вториот е Ивица Димчевски (13.3 поени, 4.5 скока, 2.8 асистенции, 2.1 украдена топка) кој пред да го облече дресот на гостиварци, беше дел уште од Кожув, Работнички, Куманово и Торус.

Тимот на Гостивар има амбиции да има поуспешна сезона од минатата, еден конкурентен состав за поголеми достигнувања.

 

Најново во Кошарка