МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ „ДВА ОД ДВА"

ДАВИТКОВ: Да ми го понудеше некој ова пред седум дена, без размислување ќе прифатев

објавено: 16 септември 2018 - 20:34

Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков е презадоволен од крајниот епилог на оваа прва фаза од натпреварите. Јасно е, стигнавме до планираните две победи, и согласно со тоа, сега е многу полeсно пред продолжението на мечевите од вториот претквалификациски круг во кој се уште и Косово и Романија.

„Тежок натпревар од причина што обично најтешко се добиваат оние најлесните натпревари. Се создаде мислење дека ќе победиме лесно против Романија, особено по победата во Приштина.
Почнавме млако, за потоа да се разбудиме и да играме како што треба и како што очекувавме да играме. Во првото полувреме имавме проблем со нивниот офанзивен скок. Не го испочитувавме затворањето во рекетот, имаа девет офанзивни скокови.
Во второто пак ги затворивме во офанзивниот скок. Но погодија неколку отворени шутеви, мислам дека беа шест тројки, откако во првото полувреме уфрлија само две. Сепак, ја имавме контролата над натпреварот. Цело време водевме од 10 до 16 поени. И затоа најреални се овие 14. поени разлика на крјаот,
Факт е дека не се сите играчи подготвени за овие, за вакви натпревари. И ако некој пред седум дена ни ги понудеше овие две победи, ќе ги прифатев. Хендрикс дојде и тој помогна, иако е далеку од посакувана форма. Помогна, колку што можеше. Мислам дека сме на добар пат да се вратиме во тие 32 екипи кои ќе играат во квалификациите. Потоа е полесно, од четири екипи се пласираат три. Како и да е, задоволен сум од двете победи. Но ние сакаме самите да си ја завршиме работата. Да не чекаме ништо од некој друг"- потенцираше Давитков.

Најново во Кошарка