ВО ПРЕСРЕТ НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Блокотехна со Ѓумиќ оди по Куп-титулата

Српскиот центар е новото засилување за тимот од Гевгелија, кој потпишал договор до крајот на сезонава.

објавено: 11 февруари 2019 - 20:12

Блокотехна добива искусно засилување во пресрет на дуелите од завршниот турнир во Купот на Македонија со ангажирањето на Србинот, Божо Ѓумиќ.

Српскиот центар, кој го носел дресот на Партизан и на ФМП и има искуство во АБА-лигата, се очекува да пристигне во Гевгелија и да биде дел од тимот за четвртфиналниот меч од Купот со АВ Охрид.

Ѓумиќ (27 години, 207 см) ќе биде освежување под кошевите на Блокотехна, со договор до крајот на сезонава.

Најново во Кошарка