ПОМЕСТУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ ВО БИБЛ

Премиерата за Кожув е на 24. октомври, против Берое!

Поради обврските на екипата на З-мобиле Приштина во ФИБА Еврокупот, дуелот кој требаше да се игра на 16. октомври е презакажан за 10. декември...

објавено: 26 септември 2018 - 15:45

Уште не почнала БИБЛ лигата, а веќе се случија мали промени во календарот. Со директно влијание на нашиот претставник во ова натпреварување – екипата на Кожув.

Според првичниот календар, гевгеличани требаше да ги стартуваат натпреварите во БИБЛ лигата на 16. октомври, со домаќински дуел против екипата на З-мобиле Приштина.
Но поради обврските кои косовскиот првак ги има во ФИБА Европа купот, доби привилегија да го одложи тој меч.

Па премиерата во новата сезона Кожув ќе ја има една недела подоцна од најавуваното. Односно на 24. октомври, кога треба да гостува во Стара Загора против екипата на Берое.
Дуелот со З-мобиле Приштина пак гевгеличани ќе го одиграат на 10. декември.

Најново во Кошарка