ЗА ПРВ ПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА НА ПОСТОЕЊЕТО

И Казахстанци во Лигата на Балканот

Екипата на Барси Атирај ќе биде приклучена во ова издание на БИБЛ лигата како седми учесник. Со оглед на „далечината", клубот од Казахстан ќе добие посебни термини за одигрување на натпреварите.

објавено: 16 октомври 2018 - 12:45

Нов, за БИБЛ лиата историски момент. За прв пат од постоењето на оваа лига, во неа ќе се натпреварува една екипа од Казахстан, информираа од седиштето на БИБЛ.

Станува збор за екипата Барси Атураи, која добила дозвола од матичната федерација на Казахстан да се вклучи во овој балкански проект.
Планирано е казахстанците да направат четири гостувања на просторите на Бугарија, Македонија, Косово и Албанија, и притоа да ги одиграат оние задолжителни шест натпревари како гости.
А во наредниот период ќе се прецизира како би се реализирала идејата останатите екипи кои се во конкуренција, меѓу нив и гевгелиски Кожув, да гостуваат во далечниот Казахстан.

Најново во Кошарка