БИБЛ ГО ОДРЕДИ „РЕДОТ НА ВОЗЕЊЕ"

Блокотехна се враќа на Балканот, на 4.декември против Академик Бултекс

„Дербито на Гевгелија", Кожув - Блокотехна, ќе се игра на 8. јануари, наредната година...

објавено: 16 ноември 2018 - 13:35

И тоа се случи, сред сезона Балканската лига се одлучи на уште еден компромис, макар бил добар за македонската кошарка. Да ја вклуши екипата на Блокотехна во системот за натпреварување за оваа сезона. И тоа како седма екипа во распоредот, иако најавено е дека ќе има и осма и тоа од далечниот ни Казахстан.
Официјалното враќање на тимот од Негорски Бањи ќе се случи на 4. декември, објавија од седиштето на лигата во Софија.
Блокотехна во Гевгелија, односно во својата сала во Негорски Бањи, ќе го пречека бугарскиот претставник Академик Бултекс.

Во исто време од БИБЛ ја дефинира и комплетната програма за вториот македонски претставник во ова натпреварување, првиот е нивниот сосед – екипата на Кожув.
Како што е познато Блокотехна беше доста успешна во ланската сезона од натпреварите во БИБЛ лигата, стигнаа кошаркарите на Марјан Илиевски до самата завршница, а надежите се дека и оваа година може да стигнат до самиот крај, односно да се борат за шампионскиот трофеј.
Дербито на Гевгелија ќе го имаме во два термини. Првата пресметка помеѓу големите градски ривали ќе се случи на 8.јануари, следната година, кога во улога на домаќин е екипата на Кожув.
Втората која ќе се игра во Негорски Бањи е на распоредот на 26. февруари.
Она што засега е непознато се оние два натпревари од регуларниот дел, против екипата на З Мобиле Приштина, која пак има дополнителни обврски во ФИБА Еврокупот, а каде скоро извесно ќе ја помине првата групна фаза од европското натпреварување.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА БЛОКОТЕХНА ВО БИБЛ ЛИГАТА
1.коло (дополнително): З Мобиле – Приштина – Блокотехна
8. коло (дополнително): Блокотехна – З Мобиле Приштина
6.коло (4.декември): Блокотехна – Академик Бултекс
3.коло (11.декември): Теута – Блокотехна
12.коло (18.декември): Блокотехна – Башкими
9. коло (27.декември): Академик Бултекс – Блокотехна
11.коло (8.јануари): Кожув – Блокотехна
14.коло (22.јануари): Берое – Блокотехна
10.коло (1.февруари): Блокотехна – Барси Атирау
2.коло (26.февруари): Блокотехна – Кожув
7.коло (6.март): Барси Атирау – Блокотехна
5. коло (12.март): Башкими – Блокотехна
4. коло (19.март): Блокотехна - Берое

Најново во Кошарка