ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА

Американецот Канти за уште посилен Гостивар (Видео)

Продолжуваат промените во редовите на кошаркарскиот клуб Гостивар. Екипата успеа да го ангажира Американецот Карем Канти за новата натпреварувачка сезона.

објавено: 23 јули 2018 - 16:43

25. годишниот Канти игра на позицијата 1 и 2, со досегашни настапи во САД, Канада, Италија и Мароко, а беше дел и од пошироката НБА драфт листа.

Досега клубот успеа да ги задржи тренерот Марјан Србиновски, а беа продолжени договорите со Ивица Димчевски, Диме Тасовски, Јетмир Зекири и хрватскиот организатор на игра, Јурај Сугариќ.

На видео записот можете да погледнете дел од квалитетите на Карим Канти:

Најново во Кошарка