МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА СО ЕДНА ПРИЈАВА

Вршац и Хелиос на „листата на чекање“ за АБА 2

Доколку Македонија и Хрватска дефинитивно останат само со по еден пријавен тим во втората АБА лига, како во моментов, тогаш Словенците и Србите ќе бидат со најголеми шанси да добијат и трети тим во ова друштво, наместо загарантираните две места.

објавено: 22 јуни 2018 - 13:45

Од АБА лигата уште нема официјална информација колку клуба се пријавиле и како ќе се пополни лигата, доколку навистина има две слободни места.
Неофицијално, до рокот кој беше даден за поднесување пријави, 15 јуни, се пријавиле само 10 клуба. Од Македонија е само МЗТ Скопје, а од Хрватска е само Сплит.
Работнички и Шибенка не ја искористија поканата.
Сега останува да се пополнат тие две места, а најсериозен интерес има и српски Вршац, и словенечки Хелиос санс. Тие би влегле директно во АБА 2 бидејќи желни се и подготвени да влезат во лигата, но доколку се појави уште некој кандидат, тогаш ќе се повтори ланското сценарио и ќе има бараж. Преку тој евентуален квалификациски турнир, двете најдобри екипи ќе влезат во второлигашкото јадранско друштво.

Најново во Кошарка