СОБРAНИЕТО НА АБА ЛИГАТА СО НЕКОИ БИТНИ ОДЛУКИ

Во АБА нема место ниту за јуниорите на МЗТ Скопје

На јуниорските турнири кои ги организира регионалната лига оваа сезона, нема место за младите „металци".

објавено: 22 септември 2018 - 11:30

Би се рекло дека беше и за очекување, но се чекаше официјална потврда за тоа. По испаѓањето на сениорскиот тим на МЗТ Скопје од АБА лигата, на седницата на Собранието на лигата на Јадранот одржана во Лакташи за време на Супер Купот, беа утврдени и учесниците на оние јуниорски турнири во текот на сезоната.

На јуниорските турнири, предвидени да се играат во периодот од 29.ноември до 2. декември, ќе учествуваат 12. клубови поделени во две групи.


На турнирот во Бар ќе играат: Игокеа, Цедевита, Мега Бемакс, ФМП, Крка и домашинот Морнар, додека на турнирот во Задар се екипите на Црвена Ѕвезда, Цибона, Олимпија, Будуќност, Партизан и домаќинот Задар.
По двете најдобропласирани екипи од секоја група ќе обезбедат пласман на финалниот турнир.
Во исто време, Собранието на АБА лигата едногхласно ги усвои судиските листи на првата и на втората АБА лига, потоа одбра дисциплински судија во Саша Павличиќ-Бекиќ, како и жалбен совет кој е составен од тројца членови, Боштјан Коритник, Милован Звијер и Крунослав Штенгл.

Најново во Кошарка