НОВА ДРАМА, НО СЕГА СО СРЕЌЕН ЗАВРШЕТОК

Тешко се качува на Ловќен, ама така е послатко...

Втора недела по ред, МЗТ Скопје мораше да игра дополнителни пет минути. Но за разлика од Копер, каде загубија од Приморска, „металците" го исправија тоа, со победа над упорните гости од Цетиње (100:90).

објавено: 17 октомври 2018 - 21:02

МЗТ Скопје сакаше и се врати на патеката на победите во АБА-2 лигата. Иако по втор пат во две кола мораше да играат 45.минути, овојпат оние последните пет се покажаа како победнички за македонскиот претставник во ова регионално натпреварување.

 

Потешко од што веројатно очекуваа, го скршија отпорот на Ловќен. Екипа која имаше шут за победа во регуларниот дел. За среќа на „аеродромци" нивниот најдобар играч не погоди, па на крајот радоста остана за домаќините.
МЗТ Скопје – Ловќен 100:90 (19-24; 24-21; 16-19; 20-15; 21-11)
Како „тврд орев" се покажа Ловќен, особено во првото полувреме од овој натпревар.
Гостите од Цетиње имаа постојана резултатска позицита. Највисока во првиот период (20:3), потоа и во вториот (27:21).
Разлика и не така висока, но недостижна за домашните кошаркари кои никако не успеваа да го пронајдат оној посакуван ритам во играта.
Од другата страна пак на теренот доминираше едне кошаркар. Алекса Поповиќ реализираше со 80% на успешност во удари од поле (8/10), беше „мирен" и од линијата за слободни фрлањ,а и уфрлија скоро половина од поените на својата екипа – 20.

Со помош на другиот Поповиќ, Милош (даде девет поени), го одржаа водството за гостинската екипа (45:43), како што беше на истекот на првото полувреме, во кое, МЗТ Скопје не го пронајде својот идентитет.
Кочов ротираше, но никако не ја пронајде онаа „идеална петорка" која ќе го сврти текот на играта, и на резултатот. Макар што некако, барем поентерски, се издвоија Младеновсли, Медфорд и Иванов (сите заедно 27.поени).
Уште еднаш не функционираше шутот од далечина, особено за три поени, а само десет скока за 20.минути говорат и за скокачката инфериорност кај „металците", кои реално, и треба(ше) да бидат задоволни со крјаниот епилог на истекот на 20.минута од играта во СЦ „Јане Сандански", каде навивање, она од домашните фанови, се слушаше од почетокот на втората четвртина.

Пееја „Фемили" и по паузата од 15.минути, но тоа не „стигнуваше" до играчите, долу на теренот. Не се смени ама баш ништо, освен што Вудард даде пет поени по ред, и за прв пат на натпреварот му даде водство на МЗТ Скопје (48:45).

Но и тоа беше од „краток век на траење", затоа што гостите продолжија во ист стил на игра. Мирно без многу брзање, со долги напади да ја уриваат одбранбената концепција на „сино-белите".
И успеваа во тоа момците на Миодраг Кадија. Ја вратија онаа „стандардна" предност од шест поени (59:53), за да дојдат до уште повисоки (64:57) на истекот на третата четвртина во која единствена добра работа за МЗТ Скопје беше Љубомир Младеновски!

Стигна високиот центар до бројката од 14. поени (и 6.скока), колку да парира на расположениот противник и го држи својот тим на разлика која се стигнува.
Серијата од (13-4) креирана во три минути, уште еднаш го врати домашниот тим во минимално водство, сега од (70:68).
А уште тројца „металци" станаа „двоцифрени", Медфорд, Иванов и Вудард. Веќе во следниот напад им се придружи и Бојиќ, интересно за највисоки, дотогаш, се разбира, (72:68) за МЗТ Скопје на мечот.
Серијата на домаќините траеше се до (17-4), за малку повисоки, (73:68) со кои се влезе во последните пет минути.
Минути во кои повторно „стана" Поповиќ, со својот 31. поен, за да ја врати предноста кон Цетиње (77:73), како што беше на 1:47 минута пред крајот.
Медфорд и Вудард донесоа израмнување (77:77), па решението околу победникот се решаваше во 64 секунди.
Драматиката ја продолжија А. Поповиќ на едната, и Иванов (по офанзивен скок) на другата страна (79:79), но и скратено време за одлука, само 27.секунди.
Најдобриот играч на Ловќен доби команда од Кадија да завршува. Но А. Поповиќ не го погоди шутот за победа на гостите, па мораше да се играат продолженија во „Јане Сандански".
Во првите две, серија од (10-3) на „металците", осум поени на Медфорд, за високи (89:82), и гостински тајм-аут.

Без краен ефект затоа што кога веќе добија нова шанса, „аеродромци" не ја пропуштија.

 

Најново во Кошарка