„ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ“ ДОМИНИРАА НА ТУРНИРОТ ВО ЛАКТАШИ (89-75)

СЛАТКА ОДМАЗДА: Црвена Звезда е нов шампион во АБА Суперкупот! (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва се одигра големото финале во АБА Суперкупот во Лакташи каде што доминираа играчите на Црвена Звезда славејќи над Будуќност со 89:75 (28:16, 29:16, 21:23, 11:20). Ова беше второто издание во АБА Суперкупот, лани трофејот го освои Цедевита и прв трофеј во ова натпреварување за Црвена Звезда која воедно се реваншираше за поразот во минатосезонското финал од регионалното натпреварување.

објавено: 23 септември 2018 - 23:09

Во првата четвртина Црвена Звезда два пати поентираше од фаул на противникот. Будуќност од друга страна погоди само една тројка. Звезда првата посериозна предност ја имаше после четири минути, која со серија од 9:0 поведе со 12:3.

Мајк Цирбес на едната и Данило Николиќ на другата страна ги имаа главните улоги во своите тимови. Николиќ веќе погоди четири тројки. Звезда уфрли 28 поени во првите 10. минути, а тие беа дело на Цирбес, Регленд и Фаје, додека практично сите поени за Будуќност ги постигна Николиќ (12).

Будуќност тешко доаѓаше до шут, а тоа го користеше Звезда во втората четвртина каде што после поение на Ристиќ и тројката Добриќ водеше со 33:16. Слаба беше одбраната на Црногорците, па српските гиганти во 14. минути имаа дури 22 поени разлика (43:21). Џикиќ веќе двапати побара минута одмор и ги прашуваше своите играчи зошто не направија ниту еден фаул.

„Црвено-белите" во првото полувреме беа целосно надмоќни, а тоа го покажуваше и резултаттот после двете први делници, шампионот на Србија водеше со 57:32.

Во третата четвртина првите поени во продолжението од мечот ги постигна Гордиќ. На спротивната страна Фаје погоди пет поени за Звезда од фаул. Цирбес потоа ја подигна на нозе публиката, откако најпрвин го блокираше Ерол Кларк, а потоа успеа да забие во контранапад.

Будуќност успеа да намали нешто од големата негатива, на помалку од минус 20 (63:44) во 25. минута од средбата. Брзо се стабилизираа Србите, повторно беа над 20 (69:46), до крајот само ја одржуваа недостижната предност.

Црногорците како да немаа повеќе сили за нешто ново на паркетот, се беше до крајот само рутинска задача за Србите кои едноставно решетаа од секоја позиција. Тие го слават освојувањето на трофеј како добра најава пред новата сезона во АБА лигата. Први стрелци во победничките редови беа Фаје со 14 и Цирбес со 13 поени, а на спротивната страна 19 беа дело на Баровиќ, три повеќе од Д. Николиќ. За МВП (најкорисен играч) беше прогласен за Мо Фаје.

Најново во Кошарка