ТРЕНЕРОТ НА ЛОВЌЕН МИОДРАГ КАДИЈА МОРАШЕ ДА КОНСТАТИРА:

Некои ни предвидуваа -20, а ние имавме добиен меч

„За Скопје, душегрижниците не испратија дека ќе загубиме со 20 поени разлика. А ние дојдовме да одиграме најдобро што можеме И не бевме така лоши, иако немавме некои среќа во некои ситуации. Еден по еден останавме без тројца играчи во текот на играта, што секако е голем хендикеп и за вака 'тенка' екипа на Ловќен“- коментираше искусниот стручњак на клупата на Ловќен.

објавено: 17 октомври 2018 - 21:44

Кошаркарите на Ловќен испуштија голема шанса за „брејк" во СЦ „Јане Сандански". Имаа игра, имаа и последен напад, имаа и шут за победа во регуларниот дел. Но нивниот најдобар играч Алекса Поповиќ не реализираше, па натпреварот отиде во продолжениеја во кои МЗТ Скопје беше за десет поени подобар од Ловќе.
На комплетно разочарување кај нивниот предводник од клупата, Миодраг Кадија.

„Им честитам на играчите на МЗТ Скопје за победата. Ние бевме блиску до неа, па и ако ние победевме немаше да биде незаслужено. Имавме практично добиен натпревар. За Скопје, душегрижниците не испратија дека ќе загубиме со 20 поени разлика. А ние дојдовме да одиграме најдобро што можеме И не бевме така лоши, а и немавме среќа во некои ситуации. Еден по еден останавме без тројца играчи во текот на играта, што секако е голем хендикеп и за вака 'тенка' екипа на Ловќен.
Но добро е, одиме понатаму. Жал ми е што не славевме вечерва, а можеше да биде и поинаку, секогаш кога ќе загубиме, го говорам тоа. Но за тоа во некоја друга прилика, не тука.
Морам да кажам и тоа дека МЗТ Скопје има исклучителен играчки ростер. Има девет квалитетни играчи, четворица репрезентативци, кои со оние пет стартери може да направат многу во АБА 2 лигата. И дека со Приморска може да бидат во првите неколку екипи кои ќе се борат за титулата и премин во првата АБА лига".

Најново во Кошарка