МЗТ СКОПЈЕ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ, МАКАР НА ПОТЕЖОК НАЧИН

КОЧОВ: Бевме непрепознатливи, вреди само победата!

Предупредуваше Ѓорѓи Кочов пред почетокот на мечот со Ловќен дека ќе биде далеку од лесен. За негова „несреќа", тоа се покажа како точно.

објавено: 17 октомври 2018 - 21:28

Предупредуваше Ѓорѓи Кочов пред почетокот на мечот со Ловќен дека ќе биде далеку од лесен. За негова „несреќа", тоа се покажа како точно.

Сепак, младиот тренер на МЗТ Скопје е задоволен од она како реагираа играчите на неговите предупредувања.

„Ги предупредивме играчите пре дмепот дека Ловќе е екипа коај има одлични бекови, кои се брзи со топка. Тоа беше клучно, не одреагиравме какошто треба од пошетокот на натпреварот. Немаше агресивност на топка, немавме поени од контра, бевме, што се вели, непрепознатливи, Тоа се одрази на играта, постојано , цело време бевме екипата која бара приклучок, а тоа со себе по правило носи некоја дополнителна нервоза. И да, нервозно реагиравме, единствено вредно е оваа победа.
Не ни преостанува ништо друго туку да заборавиме што беше лошо, да ги исправиме сите грешки и да играме онака како што јас лично посакувам и верувам дека овие момци може да го реализираат тоа во периодот кој следува"- анализираше Кочов по триумфот (100:90) против гостите од Цетиње.

Најново во Кошарка