ИМАМЕ НАШИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО АБА ЛИГАТА

Давидов и Михајловиќ во Лакташи

Второто издание на Супер Купот на АБА лигата сепак не поминува без присуство на некои наши претставници. На турнирот кој во наредните четири дена (ќе) се одржува во Лакташи се нашите судии Александар Давидов и Владимир Михајловиќ.

објавено: 20 септември 2018 - 20:40

Второто издание на Супер Купот на АБА лигата сепак не поминува без присуство на некои наши претставници. На турнирот кој во изминатите четири дена се одржува во Лакташи се нашите судии Александар Давидов и Владимир Михајловиќ.

Заедно со поискусните Сашо Пукл и Марио Мајкиќ,на отворањето на оваа сезона на АБА лигата, средбата Морнар-Партизан, преку овој турнир во Лакташи, беше нашиот судија со знакот на ФИБА, Александар Давидов.
Некој час подоцна пак на теренот во ова мало место во Република Српска, се појави уште еден наш судиски дебитант во оваа конкуренција, секако.

Станува збор за струмичанецот Владимир Михајловиќ за кого овој натпревар, помеѓу бранителот на трофејот Будуќност и домашната Игокеа, беше и прв официјален и интернационален меч во неговата кариера од ваков ранг на натпреварување.

Михајловиќ ќе го памети и по тоа дека го судеше заедно со своите поискусни колеги Томислав Хордов и Гордан Терлевиќ.

Најново во Кошарка