ДОБРИТЕ ИГРИ НА ТИМОТ ОД ЧАЧАК, МУ ДОНЕСОА НОВ ДОГОВОР

Арсиќ останува во Борац, ќе му „смета" на нашиот МЗТ во АБА 2 лигата

Некогашниот селектор на Македонија ја доби подршката на раководството на српскиот суперлигаш, па и догодина ќе го води тимот од Чачак низ натпреварите од втпрата АБА лига во која учество ќе земе и нашиот вицешампион, МЗТ Скопје.

објавено: 21 јуни 2018 - 13:00

Јовица Арсиќ, некогаш предводник на нашиот национален тим (на ЕП 2009 година во Полска), и во наредната година ќе седи на клупата на екипата на Борац од Чачак.

Искусниот стручњак имаше одлична полусезона со Борац, стигна до полуфиналето на српскиот плеј-оф, беше на чекор до пласман во АБА лигата...
Затоа и доби договор со важност од една година.

„Договорот е потпишан на обострано задоволство. Секако, после успешните партии во Суперлигата, продолжувањњто на соработката беше сосема логично. Верувам дека не можеше да биде поинаку. Плановите и амбициите на клубот се поклопија со оние моите. Се надевам дека и понатау ќе имаме успешна соработка"- потенцираше искусниот стручњак од Лесковац.

Арсиќ и Борац ќе бидат еден од противниците на нашиот вицепрвак МЗТ Скопје, кој прифати да се натпреварува во АБА 2 лигата. Иа тоа ќе биде една добра можност Арсиќ да дојде во Скопје, и да го предводи Борац против „металците", каде сега, во улога на извршен директор, е неговиот играч од Струмица, Тони Грнчаров.

Најново во Кошарка