ЗАПОЧНАА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Вардарци ги „запалија моторите“ во Словенија

По вчерашното пристигнување на Вардаровите фудбалери во Словенија, од денеска се вклучија во „погон" и почнаа со тренинзи на теренот во Зрече.

објавено: 15 јуни 2018 - 12:27

По вчерашното пристигнување на вардаровите фудбалери во Словенија, од денеска се вклучија во „погон" и почнаа со тренинзи на теренот во Зрече.

„Црвено-црните" имаа утрински тренинг за сила „сервиран" од кондицискиот тренер Михајло Костиќ, а потоа одработија и дел тактика под водство на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски.

За денеска попладне е предвиден уште еден тренинг, со што Вардарци веднаш „под полна пареа" ги почнаа подготовките во Словенија. Во недела ќе се одигра и првиот контролен натпревар на овие подготовки, а противник на Вардар ќе биде тимот на Шампион од Целје.

Најново во Фудбал