на пријателскиот меч против Марибор

Вардар губеше со 3:0, но се спаси од пораз

„Црвено-црните“ благодарение на двата гола на Барсегјан и погодокот на Адам на крајот стигнаа до 3:3

објавено: 21 јуни 2018 - 19:22

По стартните две победи на контролните мечеви, Вардар овојпат одигра нерешено 3:3 во дуелот против Марибор, во Словенија. Македонскиот вицепрвак може да биде задоволен со ова реми, ако се знае дека противникот по само 17 минути игра имаше водство од три гола. 

Млакар погоди во 9 и 15 минута, а потоа за Марибор прецизен беше и Крамариќ, за Марибор да поведе со 3:0. До крајот на првиот дел, Вардар со евроголот на Барсегјан намали на 1:3.

Во вториот дел Барсегјан повторно беше прецизен во 49 минута, а Адам со голот во 62 минута израмни на 3:3, што се покажа и како конечен резултат на крајот од мечот. 

Најново во Фудбал