ЗАСИЛУВАЊЕ КОЕ ДОАЃА ОД ШКУПИ

Валентин Кочоски потпиша за Струга Трим Лум

Стружани промовираа ново име во своите редови, станува збор за 21-годишниот Валентин Кочоски.

објавено: 13 јули 2018 - 22:07

Овој играч доаѓа во второлигашката екипа на Струга Трим Лум, кој досега ги бранеше боите на ФК Шкупи.

Во тек се летните подготовки, претходно клубот ангажираше уште три нови имиња, Александар Далчески, повратникот Алтин Лога и Нијаз Лена.

Како подготовка за новата сезона во Втората лига - Запад, стружани в сабота ќе одиграат контролен меч против Тетекс од 17:00 часот на стадионот Караорман, а во истиот термин и локација, на 18. јули имаат тест со Кораб.

Најново во Фудбал